еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Алпинистичкo-спасувачка показна вежба на Водно: Како се спасуваат заглавени патници во кабини на жичарници

Денеска на падините на Средно Водно преку две показни вежби беше презентирана подготвеноста на нашите служби за спасувачки операции, во конкретниот случај спасување на заглавени патници во кабини на жичница со примена на алпинистички техники, специјална опрема за работа на жичница, како и приод и евакуација со хеликоптер, демонстрирани од припадници на алпинистичкиот тим од Единицата за специјални задачи и хеликоптер со екипаж на Воздухопловната eдиница за полициски операции.

„Министерството за внатрешни работи имајќи ја во предвид важноста на овој вид специјализирани тимови и служби, како за полициски така и за спасувачки намени, во континуитет го поддржува нивното надградување и модернизирање притоа издвојувајќи значителни финансиски средства за обука и опремување.

Во изминатиот период за потребите  на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи набавена е нова алпинистичка опрема и системи за спасување. Во соработка со амбасадата на Република Франција  во неколку наврати организирана е обука на припадниците на алпинистичкиот тим на ЕСЗ со експертски тимови од Франција“, соопштуваат од МВР.

Министерот Оливер Спасовски рече дека преку вакви презентации и овозможуваме на јавноста да се запознае со секојдневните активности на полицијата како и потенцијалите на Министерството во остварувањето на своите законски надлежности и должности.

„Подготвеноста на нашата полиција беше демонстрирана и при неодамнешната посета на папата Франциск, која помина беспрекорно и за која МВР доби бројни честитки, а денеска министерот Спасовски им додели плакети на членовите на оперативниот штаб при МВР кој беше формиран за оваа посета“, рече Спасовски.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца повредени при пожар во угостителски објект во Скопје

Редакција

Скопјанка истепана во ноќен клуб

Редакција

МВР откри 16 неисправни камиони во гостиварско: Си возеле со расипани сопирачки и уреди за управување

Редакција