еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Амбасадорката на САД, Кејт Бернс порача дека остануваат многу предизвици, но дека земјата е на пат што ветува

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Бернс во своето прво празнично обраќање истакнува дека земјава минатата година ја завршила подготвена да ја реализира долгогодишната аспирација да стане членка на НАТО, дека се продлабочуваат односите со САД, а оти можностите за регионална интеграција се светли.

Се зајакнува, вели, економијата на земјата, која, исто така, продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ имплементирајќи реформи кои се од клучно значење. Но сепак, потенцира Бернс, остануваат уште многу работа и многу предизвици, но смета дека земјава е на позитивен пат што ветува.

„Вашата земја ја заврши годината седејќи на маса со своите идни НАТО-сојузници во Лондон, подготвена на почетокот на 2020 година конечно да ја реализира долгогодишната аспирација да ѝ се приклучи на Алијансата, вели амбасадорката во видеото со новогодишното обраќање“ објавено на профилите на Американската амбасада на социјалните мрежи.

Holiday message by Ambassador Byrnes

Check out the first holiday message by Ambassador Byrnes as the U.S. Ambassador to the Republic of North Macedonia. Happy holidays!

Posted by U.S. Embassy North Macedonia on Вторник, 31 декември 2019

Таа вели дека во изминатава година се бележи продлабочување на билатералните односи со САД, споменувајќи го одржувањето на воената вежба „Одлучен удар“ и посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој, како што вели имал можност да изрази поддршка за земјата.

„Разгледувате нови можности со вашите соседи. Економијата зајакнува и расте и изгледите за идна регионална интеграција се светли. Северна Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ имплементирајќи реформи кои се од клучно значење за да ѝ овозможат на земјата просперитет и напредок“, вели Бернс.

Амбасадорката смета дека позицијата на земјава како регионален лидер на годишното рангирање на Светска банка за можностите за правење бизнис ги охрабрува странските инвеститори.

МИА/Видео/фото: Фејсбук/Американска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдени 12 случаи на вработени во МВР позитивни на коронавирусот

Редакција

Лани од насилна смрт во Македонија умреле 486 лица

Редакција

Што мислат за талибанците Русија, Кина и Турција

Редакција