еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Јана Маринова, позната како Преслава од „Преспав“, во акциона комедија во „Cineplexx“

Актерката Јана Маринова, позната како поранешната газдарица на Преспав, Бугарката Преслава, пред македонската публика лично ќе го претстави својот нов игран филм „Диви и среќни” каде таа се јавува како продуцент и во главна улога.

„Диви и среќни“ е возбудлива, акциона комедија или road movie, што рекордно ги наполни киносалите во Бугарија, со што стана еден од најгледаните филмови за 2019 година. Бугарската публика и филмска критика го опиша како „најзабавниот филм во последно време“ и „нешто сосема поинакво од типичните бугарски филмови“.

Филмот е направен за да предизвика интерес и да ја забавува публиката – акција, кул жени, автомобилски трки, од кои некои се направени на чудесно одлични локации, стилизирани костуми, музика, и сè она што го чини еден филм современ и возбудлив!

Приказната е за две жени, најдобри пријателки, што ќе посакаат авантуристичка промена во нивниот очаен живот, но настаните се редат непредвидливо, а полицијата им е „зад петици“. Главните актерки Јана Маринова и Луиз Григорова-Макариев изведуваат каскадерски акробации, скокаат од оган , возат бесни мотори и предизвикуваат судири со автомобили.

Во главните улоги се запишува и актерот Александар Сано, познат како Коса од серијата „Под Прикритие“,  кој исто така пристигнува во Скопје со Маринова по повод премиерата.

„Диви и среќни“ имаше свои премиери ширум Европа. Во декември беше прикажан во Лондон, Глазгов, Единбург и Виена, а сега актерската екипа ќе биде домаќин и на скопската премиера во Cineplexx на 13 февруари, а од истиот датум премиерно ќе се прикажува и во 3D Битола.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и годинава нема да учествува на Евровизија

Редакција

Отворање на светската фотографска изложба од колекцијата на ФотоЕвиденс во НЛБ Галерија 

Редакција

Победниците на Евровизија доброволно ќе се тестираат за дрога

Редакција