еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Биби им подари новогодишна сказна на децата

Тимот на Факултети.мк и Деца.мк со големо задоволство ве известува дека синоќа премиерно ја промовира новогодишната сказна „Биби и Дедо Мраз од планетата Заз“. На јутјуб-каналот Биби/Bibi се најде уште една содржина со која детската публика ќе поминува убави моменти во забава и едукација.

„Новогодишна ноќ… Биби и Боби со нетрпение го чекаат Дедо Мраз. Но, како што секогаш се случува со сезнајката Биби, нешто мнооогу чудно се случува! И овој пат за приказната се погрижи писателката Билјана Црвенковска, креативен директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а режисер – Гоце Цветановски.

Улогата на Биби ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ, на Боби и на Дедо Мраз – Сашко Коцев.

„Светот на Биби“ од неодамна е збогатен и со детската песна „Трепкај, трепкај, елкичке“, чиј автор е Ангел Ќосев, а ја отпеа Вујошевиќ. Песната веќе е хит кај детската публика.

„Светот на Биби“ е проект што го започнавме во октомври, во кој низ видеосодржини, азбука, сказни, кратки едукативни видеа децата учат правилна употреба на македонскиот литературен јазик, но учат и како да се однесуваат. За нешто повеќе од два месеца јутјуб-катчето на Биби има 1.000.000 посети, а сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ веќе им е омилена книга на децата.

Во 2019 година продолжуваме со нови изненадувања за нашата публика“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште седум дена до завршување на Sport Vision Bazaar, од денес со надополнета и освежена понуда

Редакција

Скопје-најнеобичниот град на Балканот, вели во новото видео светскиот туристички блогер Дацешин

Редакција

(Фото) Метаморфоза-изложба на Бојан Ковски: Поттик за посетителите да се запрашаат како се менуваат, што ги поттикнува и што сакаат да постанат

Редакција