еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Биг Мајк по средбата со Заев и посетата на Македонија најавува дека за 2-3 години ќе станеме суперсила во бизисот со канабис

Американскиот претприемач за производство на марихуана за медицинска и рекреативна употреба, Мајкл Штрауметис или Биг Мајк, кој пак самиот се нарекува „Марихуана Дон“, со неговиот приватен авион си замина од Македонија.

Во видео објавено на неговиот Инстаграм профил, од кој дознавме за неговата средба со премиерот Зоран Заев, но и со неколку министри, други политичари и бизнисмени, прилично возбудено ги споделува своите импресии.

Вели дека посетата на земјава била неверојатна и дека Заев ги разбирал можностите за овој бизнис.

Најавува дека во следните 2-3 години во Македонија постои можност за отварање на 30 до 40 илјади работни места во овој бизнис, што ќе и донесе многу пари на земјата.

„Нема друга земја во Европа која е толку пријателски настроена кон овие можности“, вели тој во видеото и најавува дека и тој ќе инвестира, но и ги повикува и другите бизнисмени од оваа област да го направат истото.

Посочува и дека земјата располага со одлични водени ресурси, дека има доволно земја, дека луѓето во Македонија се работливи и интелегентни…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во земјата која Биг Мајк ќе ја прави канабис суперсила во Европа, крвично дело е поседување и на еден џоинт

(Фото) Инстаграм кралот на марихуаната Биг Мајк се сретна со Заев, Филипче и Богдановиќ

За да влезете во бизнисот со медицински канабис Ви треба банкарска гаранција од 1 милион евра!

Фото/видео: Инстаграм/Биг Мајк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуфорија на Твитер: Вучиќ и удри „шлаканица“ на македонската Влада

Никола Осило

(Видео) Се одбележуваат две децении: Како НАТО ја бомбардираше Србија

Никола Осило

Судот во понеделник повторно ќе се обиде да му го достави решението на Груевски

Редакција