еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Боки 13 бара укинување на притворот: Состојбата ми е загрозувачка по животот

На денешната јавна седница во Апелациониот суд, првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) и неговиот адвокат Сашо Дуковски побараа укинување на неговиот притвор.

Дуковски до судот приложи и медицинска документација во која докторот Зоран Спировски од Клиниката за торакална хирурхија дава мислење дека Јовановски треба итно да биде хоспитализиран.

„Покрај тоа што мојот бранител наведе дека два пати сум неуспешно опериран, би додал дека мојата состојба е животно загрозувачка. Јас повраќам константно во тие услови. Затворскиот лекар има желба да помогне, но не може поради состојбите. Имам органски проблем. Јас сум во добра психичка состојба.

Неуспешните операции се поради лекарска грешка. Пресечен ми е нерв од желудникот и затоа повраќам, ова ми го кажа докторот Спировски од Торакална хирургија„, рече Јовановски и додаде дека има проблем и со белите дробови и уште четири дијагнози.

„Физички изгледам добро, но тоа не ја отсликува мојата здравствена состојба. Во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов“, рече Јовановски и порача дека не планира да бега.

„Во однос на бегството, би сакал да додадам дека мојот лик и дело, семејство, менталниот склоп, не укажуваат на тоа. Кога бев уапсен, не бев даден во бегство, туку имав уплатено седум дневен одмор со пријатели“, рече Јовановски, и потенцира дека живее за тоа да ја докаже својата невиност:

“Јас живеам за докажување на вистината на овој случај, докажување на мојата невиност„.

Боки 13 кажа дека секојдневно бара да го носат во болница, но дека тоа го прават кога состојбата драстично ќе му се влоши.

И неговиот адвокат Дуковски побара замена на притворот со друга мерка, бидејќи како што рече здравствената состојба на Јовановски е сериозна влошена и може да има смртна последица.

Фото/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синот на Мијалков купи три станови на татко му на Водно, објави Призма

Редакција

Љубомир Јовески: На Мијалков му е врачено решението за домашен притвор, ќе биде спроведен на извршување на мерката

Редакција

Кои се членовите на Комисијата што ќе ги проценува условите за настава со физичко присуство

Редакција