еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Боки 13 донесен во Обвинителството на распит за „Рекет“

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) со полициско возило и придружба од КПУ Затвор Скопје каде е во притвор, е донесен на распит во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Тој за првпат е на распит во Обвинителството, а до сега не дал исказ за Рекет“, освен дента кога беше уапсен и беше на распит во Обвинителство, но за да се утврди дали да му биде изречена мерка притвор или не.

На распит за „Рекет“ во Обвнителството до сега беа неколку обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), функционери од невладината на Боки 13, Меѓународен сојуз, бизнисмени, функционери на владејачката СДСМ…

Освен Јовановски, во „Рекет“ за сега се осомничени и Зоран Милески и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Фото/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Редакција

Видео од приведувањето на Катица Јанева

Редакција

Режисерот Јани Бојаџи нов директор на ТВ Алфа, доаѓа на местото на Васко Ефтов

Редакција