еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Болницата „Плодност“ во Битола затворена, еден од докторите е заболен со коронавирусот

Болницата „Плодност“ во Битола ќе биде затворена до 13 април, откако еден од тамошните доктори е заболен со коронавирусот, соопшти на Фејсбук профилот на болницата, директорот д-р Таше Трпчевски.

“Како што веќе знаете, еден од нашите доктори е носител на корона вирусот и за таа цел е ова обраќање до медиумите, за да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.

По увидот на терен на стручните екипи и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.

Но сепак, во името на разумот, на одговорноста која ја носиме и пред се поради здравјето на сите нас, нашите вработени, нашите пациенти, одлучивме болницата да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април. Дотогаш, сите во самоизолација ќе поминат период од 15 дека, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање“, соопшти тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први случаи во Струмица и Гевгелија: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот по градови

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 2.121: Од Ковид-19 починаа 25 лица

Редакција

Секогаш зависи од која перспектива гледате: Ковачевски за песимизмот на Црвенковски за ЕУ

Редакција

Македонија денеска треба да добие нова техничка влада: Кои се новите министри и заменици-министри?

Редакција