еМагазин
Image default
Балкан

(Видео) Борисов го поистовети Гоце Делчев со Че Гевара: Наместо да не обединуваат, овие херои не разделуваат

Хероите како Гоце Делчев нѐ разделуваат, наместо да не обединуваат, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов од Пловдив споредувајќи го Делчев со Че Гевара, пренесува БТВ.

„Нашиот херој Гоце Делчев стана повод за коментари во сите насоки. Тој е херој кој вложил сѐ за слободата на Македонија.

На истиот начин Че Гевара, Аргентинец, се борел за Куба, а загинал во трета држава. Наместо да нѐ обединуваат, овие херои стануваат јаболко на раздорот”, изјави Борисов.

Взех участие във Втория икономически форум в Пловдив. Инфраструктурата, образованието, борбата с корупцията и растежът на икономиката – това са водещите политика на България, които дават резултат и затова целият Балкански полуостров трябва да акцентира върху тях. Приятелските отношения между балканските държави са ключът към развитие на региона.

Posted by Boyko Borissov on Среда, 26 јуни 2019

Тој ги повика балканските држави на повеќе разум и взаемна економска соработка, а не на продолжување на конфликтите.

Борисов се надева дека заедничката експертска бугарско-македонска комисија во најкус можен рок ќе ги донесе потребните заклучоци за да може Бугарија да ја поддржи Северна Македонија за членство во ЕУ.

„Имаме ретка шанса, на оваа земја наречена Балкан, натопена со крв како никое друго место, да создадеме прекрасна бизнис клима”, изјави Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ако признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, одма плата од 500 евра ќе има“: Твитер реакции за изјавата на Пендаровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Неспорно е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и се борел за самостојна македонска држава

Какви биле размислувањата на Гоце Делчев за Бугарија?

(Видео) Внуката на Гоце Делчев порачува дека тој би се превртел во гробот

Фото/Видео: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 117 лица

Редакција

Пронајдено седумгодишното девојче во Црна Гора: Импресивна приказна како кучето и помогнало да преживее во шумата

Редакција

Задолжително вакцинирање за сите полицајци во Србија

Редакција