еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Браво за МВР: Казнети над 100 несовесни возачи на мотори и автомобили за неколку часа

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 06.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, информира МВР.

Притоа санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 06/07.09.2019 во времето од 18,30 до 01,30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи.

Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.  Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чини 50 денари: Пуштен во употреба билетот за едно возење во автобусите на ЈСП

Редакција

(Видео) Бројни возила заглавија на Стража: Најавениот снег предизвика проблеми на дел од патиштата

Редакција

Пукање во Тетово при приведување на човек баран со потерница

Редакција