Денеска на полноќ Велика Британија и официјално станува првата земја што ја напушта Европската Унија.
Таканаречениот Брегзит стапува на сила три години по одржувањето на референдумот на кој мнозинство Британци пред се со конзервативни сфаќања се изјаснија за излегување на нивната земја од европската заедница.
Брегзит се случува по многу политички и правни контроверзии, но сепак со реизборот на актулениот премиер Борис Џонсон на блиц-изборите кои беа закажани со единствена цел да се потврди или негира Брегзит неговата конзеврвативна партија победи со мнозинство гласови, што само го запечати излегувањето на Британија од ЕУ.
Главните промени во однос на трговските односи меѓу двете страни се очекуваат на крајот на 2021 година, кога завршува периодот за транзиција и кога е можно да биде усвоен сосем нов договор.
Фото/Видео:Tellerreport Youtube/TDLR news
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брегзит им донесе триумф на конзервативците на Борис Џонсон на изборите во Британија
Македонската Влада се подготвува за Брегзит: Во консултација со ЕУ ќе се преговара со Британија