еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Бугарија во шок: Малолетен џихадист планирал терористички напад во училиште во Пловдив

Во соседна Бугарија за прв пат е спречен терористички напад, кој бил планиран од ученик кој има 16 години и потекнува од добро ситуирано семејство, пренесуваат бугарските медиуми.

Малолетниот џихадист направил бомба од 14 килограми, а планирал нападот да го изврши во училиште во Пловдив.

„Станува збор за дете – жртва, а не сторител на сериозен криминал. Тоа е лична трагедија, која, за среќа, не е развиена во голем обем“, изјави заменикот главен обвинител Иван Гешев, пренесува бугарската агенција БГНЕС.

Тој појаснува дека во средата добиле дојава, од блиски на момчето.

Бугарската агенција за безбедност и контраразузнавање (ДАНС) информира дека станува збор за ученик, кој се радикализирал. Извршен е претрес на две простории (види видео) кои ги користело детето. Гешов го оквалификува ученикот како „супер интелигентен“.

При претресот пронајдени се подготвени и во изработка експлозивни направи. Една од тие експлозивни направи е како оние кои најчесто се користени во бомбашките напади во САД.

Исто така постои и експлозивен уред во процесот на подготовка, т.н. бомби со нокти.

Супстанцијата за правење на таква бомба е употребена за некои од нападите во Белгија, Франција и Сарафово.

„Супстанцата што се користише во Сарафово е помеѓу 2 и 3 кг, а сега станува збор за 14,5 килограми од оваа материја“, вели Гешев, кој додава дека ученикот бил врбуван од терористичката „Исламска држава“, пренесува БГНЕС.

Фото/Видео: Министерство за внатрешни работи на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турски оџа обвинет за сексуално малтретирање на деца, формирање култ со 150 следбеници

Редакција

Коѕијас: Да бев во грчката Влада ќе го потегнев Заев за уши и тоа преку НАТО, ЕУ и Нимиц

Редакција

За три деца заразени од морбили во Банско, властите се сомневаат дека вирусот е „увезен“ од кај нас

Редакција