еМагазин
Image default
Локално

(ВИДЕО) Буквите се големи по 2 метри: Гостивар доби скулптура со името на градот

Скулптура со латинични букви од името на Гостивар е поставена во овој град, на самиот влез од Градскиот парк, непосредно до судската зграда. Поставени се седум букви и едно срце изработени од бетон.

I ❤️ G❤️STIVAR

Posted by Arben Taravari on Недела, 18 август 2019

Новото и модерно обележје на градот според димензиите е монументално, бидејќи секоја букава е висока два метра. Поставувањето е на иницијатива на Здружението за уметност и култура „Силиндарт“, а автор е Бурхан Ахмети, уметник од Гостивар.

– Гостивар, за жал, нема многу објекти од културното наследство, а и тие што ги има се слабо видливи или се во лоша состојба. Па заради тоа и посетителите не можат да ги фотографираат и стават во нивните фото албуми. Во ова време секој сака да понесе дел од некое место. Младите, пак, сакаат нешто атрактивно и современо и сметав дека токму со овој објект ќе им дадеме една можност повеќе за да се фотографираат и да понесат спомен од Гостивар, вели Ахмети.

Формата ќе биде трајна, но изгледот на скулптурата ќе се менува, зависно од приликите. Според Ахмети, на буквите ќе се испишуваат уметнички пораки при одбележување на некој празник во кој ќе бидат вклучени децата.

Наскоро објектот ќе биде осветлен што ќе го прави поатрактивен, особено во ноќните часови.

Склуптурата со името на Гостивар е реализирана со помош на Општина Гостивар и компаниите Им Бетон и Цели Транс.

МИА/Фото: Фејсбук/Бурхан Ахмети/видео: Фејсбук/Арбен Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца познаници го претепале во кафана во Скопје

Редакција

(Фото) Директори на училишта се степаа пред ноќен клуб во Кавадарци, Јанчев најави нивно разрешување

Редакција

Телефонски броеви од школите и градинките во Карпош на кои може да се јавите за потврда за отсуство од работа

Редакција