еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Цел Дебар излезе да ја види силата на МВР

Оваа вежба денес е еден од начините како да ја обновиме, односно зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство на соработка се со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, меѓутоа и побезбеден регион, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по завршувањето на тактичко -показната вежба на припадниците на македонската полиција што се одржа во Дебар

“Оваа вежба ја направивме како дел од активностите во рамки на активностите по повод 7-ми мај на Денот на полицијата, и токму затоа сакавме да биде овде во Дебар, да се претставиме пред граѓаните потикнувајќи ги сите заедно да соработуваме, но и да ги поттикнеме сите  младите луѓе кои што сакаат да бидат дел од македонската полиција од овој регион“, нагласи Спасовски.

На вежбата граѓаните покрај другото имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата, учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување.

Фото/Видео:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За осум дена од почетокот на учебната година во изолација се 53 ученици и осум наставници

Редакција

ДИК: Излезноста до 17 часот, 28,83%

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција