еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Четврта сезона на „Арена“: Од новата сезона на „Арена“ победникот ќе освои 120.000 денари

Единствениот квиз на знаење во Македонија, квизот „Арена“, кој се емитува на телевизија „Алфа“ продолжува со својот поход за пронаоѓање на натпреварувачите кои сакаат да го покажат огромното знаење.

Почетокот на четвртата сезона носи многу промени, а најинтересната за сите оние пријавени е главната награда од 120.000 денари.

Во изминатите три сезони учествуваа многу натпреварувачи кои го проверуваа своето знаење во арената, но имаше и такви кои станаа познати преку ноќ со своите гафови и грешки.

Оваа сезона од Алфа ТВ ни откриваат дека ќе биде највозбудлива до сега.

За таа цел ги охрабруваат сите оние кои сакаат да го проверат и споделат своето знаење да се пријават на [email protected] или да се јават на 02/2600 370.

Единствената непроменета работа, како и во минатите години, е водителот Димитар Атанасовски.

Најавата на „Арена“ може да ја погледнете на следниов линк:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Vertigo – млад бенд кој создава музика проткаена од разновидни жанрови

Редакција

(Фото) Сара Мејс објави фотографија од бебето

Редакција

(Видео) Џенифер Лопез целосно гола го „запали“ Инстаграм

Редакција