еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Ципрас на „гости“ кај пријателот Заев

Во срдечна и пријателска атмосфера вечерва се одржа средбата меѓу премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, информираат од Владата.

Ципрас е во Македонија на покана на угледниот магазин „Економист“ како еден од главните говорници на Самитот за Западен Балкан – „Зајакнување на моментумот на европските интеграции“ што се одржува во Скопје.

„Двајцата соговорници на средбата разговараа за придобивките од Преспанскиот договор и нагласија дека договорот ја заслужува севкупната поддршка од двете земји.

Решението постигнато со договорот потпишан во Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во односите меѓу земјите во регионот, заклучија премиерот Заев и поранешниот грчки премиер Ципрас.

Низ разговорот беше констатирано дека од 17 јуни минатата година соработката меѓу двете земји се продлабочува, откако беше поставена на темелите на договорот за ново пријателство и стратешко партнерство.

На средбата Заев и Ципрас констатираа поголем број придобивки како што е зголемената трговска размена за 20% за само една година, покренатите постапки за нови гранични премини меѓу двете земји, блиската соработка во сферата на одбраната како дел од заедничките политики што произлегуваат од НАТО, во делот на безбедносната контрола на небото над Северна Македонија (Аir Policing), како и зајакнувањето на соработката во повеќе други области.

На средбата во кабинетот на премиерот Заев заеднички беше поздравено скорешното полноправно членство на нашата земја во НАТО, чија завршна фаза, ратификацијата на Протоколот за пристапување, започна токму во парламентот на Република Грција.

Двајцата соговорници на средбата ја поздравија силната поддршка за отпочнување на преговорите меѓу нашата земја и ЕУ, за која оценија дека доаѓа не само како резултат на Преспанскиот договор и позитивните ефекти на решавањето на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Грција, туку и заради исполнувањето на домашните реформи„, велат од Владата.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинението за „Рекет“ открива како ги трошел парите: Боки 13 бил невработен, а живеел луксузно

Редакција

Нови 115 заболени од Ковид-19 од 1.665 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

Бугарските власти тврдат дека имало обид за атентат на главниот бугарски обвинител

Редакција