еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Дилер на кокаин баран од Интерпол, пронајден на Шапка со лажен идентитет

На 21.08.2019 Бирото за јавна безбедност – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од сојузната криминалистичка служба од Германија-БКА и полициски службеници од единицата за борба против дрога од Хамбург, Германија, а во координација со ОЈО за ГОКК, го лишија од слобода германскиот државјанин Р.В.Л. (55), член на меѓународна организирана криминална група.

Германскиот државјанин се бараше со меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 кг. наркотична дрога кокаин од Јужна Америка до Хамбург.

Од спроведената истрага утврдено е дека пред да биде лишен од слобода, германскиот државјанин, неколку месеци престојувал на територија на РС Македонија, поточно во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.

На 21.08.2018 од страна Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и соодветен број на припадници од ОСПО и полициски службеници од СР Германија, а по претходно изготвен план за реализација и издадена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во викенд куќата и лишен од слобода е германскиот државјанин Р.В.Л..

При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола и други предмети.

По лишувањето од слобода германскиот државјанин е предаден на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Р.С.Македонија заради понатамошна постапка во однос на распишаната меѓународна потерница од Интерпол.

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тринаесетгодишно девојче побегнало од дома и имало полов однос со малолетник од Битола

Редакција

Гори нискостеблеста шума во липковско и кумановско на тешко пристапен терен

Редакција

Жена од штипското село Шашаврлија касната од змија

Редакција