еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Димитров и неговиот грчки колега Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно

Грција дава целосна и силна поддршка за прилучувањето на Северна Македонија во ЕУ и се залага за целосна имплементација на Договорот од Преспа и зајакнување на билатералната соработка, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на зедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Утрово министерот за надворешни работи, Никола Димитров го пречека неговиот грчки колега, Никос Дендиас. Гледајте ја прес конференцијата на двајцата Министри во живо, во 11:30 часот.

Posted by Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia on Вторник, 26 ноември 2019

– Радосен сум што сум тука, во прва посета на соседна Северна Македонија, која наскоро ќе стане партнер на Грција во НАТО и кандидат за ЕУ. Сигурен сум дека наскоро ќе ги почне пристапните преговори. Ја имате целосната поддршка од Грција, рече Дендиас.

Оцени дека има драматично подобрување на билатералната соработката, која и натаму се развива со фокус на економијата, воената соработка, инвестициите, инфраструктурата…

Билатерланите односи, посочи Дендиас, поминуваат преку Преспанскиот договор. Има напредок во неговата имплементација, но има и доцнења во некои сегменти кои треба да се поправат.

– Грција го поддржува влезот на Северна Македонија и на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Тоа е заедничка цел. Почнувањето на преговорите ќе биде значителен чекор и тоа за Грција е значајна цел. Го разбираме разочарувањето од одложувањето, но треба да се гледа напред. Важно е да се имлементираат европските вредности, а ние нудиме целосна соработка, рече Дендиас.

Министерот Димитров нагласи дека Северна Македонија смета на грчката поддршка на патот кон ЕУ.

– Грција е наш стратегиски партнер, сосед и пријател. Преспаснкиот договор отвори голем потенцијал за соработка што треба да се искористи, рече Димитров.

Посочи дека се очекува наскоро да се одржи првата седница на комисијата за трговски марки, како и состанок на еспертите за отворање на новите гранични премини меѓу двете земји.

На новинарско прашање дали е можно оспорување на Договорот од Преспа во двете земји, Дендиас рече дека ставот на актуелната грчка Влада е дека тоа е завршена работа и треба целосно да се импементира.

– Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно, додаде шефот на грчката дипломатија.

И Димитров вели дека договорот е веќе дел од нашиот правен систем и мора да се почитува.

Грчкиот министер за надворешни работи кој престојува во еднодневна официјална посета на земјава, попладнево ќе се сретне и со претсдеателот Стево Пандаровски и со премиерот Зоран Заев.

МИА/Фото/Видео: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коронавирусот почина маж од Лабуништа на 70 годишна возраст

Редакција

Притвор од 30 дена за таткото на момчето кое уби осум ученици во училиште и чувар

Редакција

На Табановце за влез во земјава се чека до 40 минути

Редакција