еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Видео) Екстремист што се заложи за Албанска федерација: Кој е новиот косовски премиер Аљбин Курти?

Како ќе влијае промената на власта на Косово врз преговорите со Србија, но и односите со Македонија е прашање што заслужува сериозно внимание откако на изборите што се одржаа во неделата најголем број од гласовите освои „Самоопределување“ чиј лидер Аљбин Курти важи за тежок националист и екстремист.

Курти има 44 години и е роден во местото Владимир, крај Улцињ во Црна Гора. На Косово тој стана познат уште во далечната 1997 година како главен организатор на студентските протести и потпретседател на Студентското движење на Универзитетот во Приштина во период кога неговиот ментор Адем Демачи стана политички лидер на Ослободителната војска на Косово.

Курти стана популарен меѓу косоварите бидејќи отворено му се спротистави на тогашниот претседател на СФРЈ, Слободан Милошевиќ за што беше осуден за тероризам и одлежа тригодишна затворска казна.

Во 2001 година откако излезе од затвор, Курти стана критичар на меѓународните институции и на УНМИК со постојани обвинувања дека странските преставници на Косово се извор на корупција и криминал.

Постојани протести, инциденти и апсења го карактеризираат неговото делување оттогаш до денес. На изборите во 2013 година, неговата „Самоопределување“ освои 13 отсто од гласовите со што стана еден од најважните политички фактори на Косово.

Тој постојано ги критикува преговорите со Србија под капата на Брисел и отворено се залага за бојкот на српските производи на Косово. Жестината во неговото политичко делување најдобро ги илустрираат инцидентите во косовскиот парламент.

Имено, речиси на секоја седница на која се зборуваше за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград неговите пратеници фрлаа солзавец за да се прекине расправата.

Курти и „Самоопределување“ победија и на косовските избори во 2017 година, но поради страв дека ќе стане премиер останатите партии на Кадри Вејсели, Рамуш Харадинај и Фатмир Лимај формираа таканаречена „Воена коалиција“ и формираа Влада.

Përleshje te Kuvendi i Kosovës

Posted by lajmi.net on Петок, 24 ноември 2017

Инаку, тој отворено се залагаше за формирање Голема Албанија преку федерација односно коангломерат на териториите на Балканот каде што живеат Албанци.

Овој негов предлог дојде неодамна како одговор на идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово што срамежливо ја промовираа претседателот на Косово Хашим Тачи и неговиот српски колега Александар Вучиќ.

Сепак, Курти веднаш по изборите ретерира во тврдите ставови и најавува соработка со сите страни, но пред се чистење на Косово од корупцијата.

Фото/Видео: Top chanel/Facebook/Lajme/Youtube/Blerta Rustemi/Euronews

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанскиот Парламент го ратификува пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО

Редакција

Починаа 31 лице од Ковид-19, вкупната бројка е 2.225

Редакција

Како Македонци, Косовари, Молдавци, Албанци, Арапи без бугарски корени си купија бугарски пасош

Редакција