еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Фетаи: Исказот на Верушевски дека бомбите биле модифицирани, нема да влијае на постапките

Изјавата на Зоран Верушевски во сведочењето пред судот за „Таргет – Тврдина“ за модифицирање и компромитирање на „бомбите“, нема да влијае врз постапките што ги водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а ги презеде и сега ги застапува редовното обвинителство, оцени денеска обвинителката Фатиме Фетаи.

– Прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Според мене, изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив. Прочитав дека изјавил и оти бомбите биле модифицирани и компромитирани. Никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза: „сечени, лепени, монтирани“, што ја кажуваа во медиумите, рече Фетаи пред денешното рочиште за „Насилство во Центар“ во Кривичниот суд.

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски во сведочењето за „Таргет-Тврдина“ во понеделникот рече дека документацијата рече дека доживеала страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година.

Тој треба да го продожи својот исказ пред судот на следното рочиште закажано за 10 септември кога ќе биде вкрстено испрашуван од страна на одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што сакаше да каже Верушевски со сведочењето дека „бомбите“ доживеале стравотна модификација и компромитирање

Груевски се огласи за сведочењето на Верушевски: Ова е најголемата бомба, снимките биле монтирани!

Пресврт на судењето за „Таргет-Тврдина“: „Бомбите“ завршуваа во СДСМ и кај Заев, а не кај мене, вели Верушевски

МИА/Видео/фото: A1on.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ременски негира секаква поврзаност со „Рекет“, Боки 13 не го посетила во затвор

Редакција

За осум дена ќе се знае дали Никола Груевски ќе стане првиот премиер-затвореник

Никола Осило

Продолжува судењето за тортурата при апсењето на Бошкоски

Редакција