еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Филипче: Состојбата со Ковид-19 е критична, вирусот е широко проширен

Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање до јавноста порачува дека состојбата со Ковид-19 во земјава е критична.

„Пред нас е веројатно најтешкиот период на справување со пандемијата. Барам сите да бидеме максимално одговорни и свесни за сериозноста на состојбата. Вирусот е широко проширен. Секое најмало невнимание или непочитување на мерките за заштита може да значи инфекција.

Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку – само да го штитите сопственото здравје“, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека сите ние жртвуваме нешто во нашите животи оваа година.

„За некои од нас жртвата значеше помалку финансии, загубена работа, неможност да се видиме со нашите блиски. За други тоа значеше месеци и месеци непрекината работа без одмор. За трети пак таа жртва значеше загубено здравје или загубен живот.

Колку доследно ќе ги почитуваме мерките за заштита ќе биде одлучувачки за тоа колку дополнително ќе се жртвуваме до крајот на пандемијата. Секој за себе ќе реши дали неговата жртва ќе е носењето маска, негрупирањето, држењето дистанца, или пак жртвата ќе значи продолжување на здравствената и економска несигурност.

Изборот е тој, а моќта за промена на работите е кај секој од нас. Почитувајте ги мерките доследно. Носењето маска и држењето дистанца се многу мала жртва во споредба со се друго“, посочи Филипче.

Фото/видео: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски оди во домашен притвор

Редакција

МИК „Свети Николе“ го доби тендерот на МВР за набавка на свежо месо вреден 479.000 евра

Редакција

Две лица загинаа во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Редакција