еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) „Фолтин“ како сaундтрак во новото видео на „When in Krushevo“ оутдор фестивал

Деновиве се случи промоција на видеото од јунското 4-то издание на оутдоор фестивалот When in Krushevo.

Основна мисија на When in Krusevo е да го сврти вниманието како на македонската, така и на странската публика за огромниот потенцијал и богато културно наследство кој го нуди Крушево и околината. Погодната местоположба и клима му овозможува на градот да биде атрактивен за посета преку целата година, за сите возрасти, рекреативци, љубители на адреналински спортови или пак кампери.

Големата љубов кон градот, енергијата и ентузијазмот на организаторите на When in Krushevo го направи овој оутдор фестивал препознатлив во регионот веќе 4та година по ред.

Фолтин ја даде својата поддршка како соундрак во видеото од јунското издание на When in Krusevo со својата песна „Облаче“, од албумот „Пијан Славеј“, издаден во 2015.

Видеото е на D&D Production (www.infokompas.com.mk), а монтажата на Дарко Станковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По напредокот во Клиника Жан Митрев, Леонид го продолжува лекувањето во Австрија

Редакција

Премиера на серијата „Пад“ инспирирана од бестселерот на Жарко Лаушевиќ, ексклузивно на МТЕЛ

Редакција

(ФОТО) Во Скопје отворен lounge барот „Umbrella“, кој вработи 10 лица со попреченост

Редакција