еМагазин
Image default
Македонија

(Видео+Фото) Дипломатскиот кор на прием кај Пендаровски

Годинава се навршуваат неколку јубилеи од воспоставување на дипломатските односи со 20-тина држави во светот, како и 25 години од нашето членство во ОБСЕ, Советот на Европа и Партнерство за мир на НАТО. Овие јубилеи се одлична можност за нови иницијативи со кои на најдобар можен начин ќе ги одбележиме нашите заеднички активности, се разбира, и нашите заеднички успеси.

Ова меѓудругото го рече претседателот Стево Пендаровски на традиционалниот новогодишен прием на дипломатскиот кор.

„Претстојните неколку месеци за нас, внатрешно, се период на организација и спроведување на најавените парламентарни избори. Во оваа прилика сакам уште еднаш јавно да изјавам дека од преодната Влада очекувам изборите да ги организира во фер и демократска атмосфера, а од партиите очекувам одговорно однесување, онака како што доликува на една организирана демократска држава, членка на НАТО и идна членка на Европската Унија.

Исто така очекувам, веднаш по завршувањето на изборите, брзо да се формира владата и во таа насока јас сум подготвен да придонесам со доследно почитување на уставните одредби при доделувањето на мандатот.

Интересот на сите граѓани на оваа држава, без разлика која политичка опција ја поддржуваат е реформските и интегративните процеси да продолжат без застој. Независно кој ќе победи очекувам да продолжи со спроведување на неопходните реформи во насока на реализација на консензуално изградените државни позиции за нашите стратешки цели“, рече Пендаровски во обраќањето.

Тој додаде дека како врховен командант на вооружените сили ќе се залага вложувањето во одбраната да го достигне стандардот од најмалку два проценти од БДП, во предвидениот рок, за да можеме да се адаптираме кон брзите геополитички и безбедносни промени и ефикасно да придонесуваме кон мирот, безбедноста и стабилноста на Европа.

Фото/Видео: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да ги препознаете попишувачите: Треба да ви го покажат овластувањето и лична карта

Редакција

СДСМ: Најголемите 10 лаги на Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ во 2018

Редакција

Се уште немаат достоен споменик: 20 години од загинувањето на десетте бранители кај Карпалак

Редакција