еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО+ФОТО) Пожар кај Пехчево: Огнот стигна над селата Робово и Умлена

Преземени се мерки и побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и во најскоро време треба да пристигнат два хеликоптери за гаснење на пожарот, истакна градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски по штотуку завршениот состанок на Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Апел за итна помош: Голем пожар во близина на Пехчево

-Лоша е стуацијата со пожарот, бидејќи се префрли и дојде во делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина.

На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера.

Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе, изјави Тренчовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија испраќа во Македонија 25 пожарникари, 3 противпожарни и 2 амбулантни возила

Ако продолжи со исто темпо пожарот, додаде, и во текот на утрешниот ден имаме најва за дополнителни два хеликоптери за гаснење, како и помош од Словенија.

-Хеликоптерите треба да пристигна за неполни два часа и се надевам дека ќе успееме да го локализираме пожарот. Непристапниот терен и ветерот ја прават ситуацијата лоша, имаме луѓе на терен, а очекуваме да се вклучи и армијата, потенцира Тренчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Словенија испраќа 16 противпoжарни возила и 46 пожарникари

МИА/Фото/видео: Марјан Пехчево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тролови од Македонија го воспеваат Бојко Борисов во Бугарија

Редакција

500.000 вакцини „Синовак“ треба да стигнат следните седум дена, руските ќе доцнат

Редакција

Македонците како никој во Европа разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, вели украинскиот министер Кулеба

Редакција