еМагазин
Image default
Македонија

(Видео+Фото) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога: Запленети половина тон марихуана

Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера на граничниот премин Богородица, на излез од Република Македонија, запленија околу 515 килограми марихуана, а од слобода е лишено едно лице. Запленетата марихуана требало да се транспортира до Турција, а нејзината вредност се проценува на над милион евра, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

-По претходно дадени насоки, на Граничниот премин Богородица на излез од Република Македонија извршен е претрес  во товарно моторно возило марка „Ман“и полуприколка –ладилник со скопски  регистерки  таблици, сопственост на правно лице, а управувано од З. А. (46) од Скопје. При извршениот претрес во специјално направен бункер во кровот на приколката, пронајдени се 181 полиетиленски пакувања со марихуана, а З.А. е приведен- соопшти Ангеловски.

Во рамките на криминалистичкото истражување утврдено е дека во текот на ноември и декември, Д. С. (33) од Скопје набавил марихуана од Албанија со цел продажба во Турција, а го организирал и транспортот преку Македонија и Грција до територијата на  Турција.

За реализација на транспортот, Д.С. за соодветен паричен надомест го ангажирал З.А.. Бункерот во возилото бил направен во Турција и оттаму З.А. го донел возилото во Скопје, каде веќе била подготвена марихуаната за транспорт.

-Во текот на вчерашниот ден, по издадени наредби од  судија на претходна постапка,  извршен е претрес во домот на Д.С. во Скопје, со цел пронаоѓање и обезбедување на дополнителни материјални докази.

Од извршениот претрес, пронајдени и одземени се едно возило Рено меган, мобилни телефони и бројна документација.

Во текот на денешниот ден до обвинителството е  поднесена   кривична пријава против Д. С. како организатор на транспортот и З. А. како транспортер на дрогата, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик на Р.Македонија- соопшти Ангеловски.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 71 оздравени од Ковид-19

Редакција

„Македонија без Бугари – огнот да ја гори!“: Клетва на Каракачанов од Битола

Редакција

Заев: Отстапувам од петти и согласен сум изборите да се одржат на 8 јули

Редакција