еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Претседателот Пендаровски неуморен: Си соши сако кај „Иска и Џељо“, па ја однесе Бети на концерт на Ерос Рамацоти

Претседателот Стево Пендаровски не мирува и во изминативе 24 часа покажа дека е полн со енергија.

Тој вчера се прошета низ Старата скопска чаршија, за како што вели, да се сретне со старите пријатели, а потоа заедно со својата сопруга Елизабета уживаа во концертот на легендарниот италијански изведувач Ерос Рамацоти.

„Убаво е повторно да се биде меѓу старите пријатели. Бојаџијата Екрем, мајсторот за музички инструменти Димитар, шапкарот Абдула, угостителот Фатмир, златарите Сали и Џељо, се едни од многумината инспиративни соговорници од коишто може да се научи навистина многу за животот во чаршијата и за старите занаети. Имав чест со нив да испијам и турски чај, а поразговаравме и за иднината на занаетчиството кај нас“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Да ги чуваме и да ги негуваме нашите стари вековни занаети.

Повеќе децениска традиција и богата историја во себе носи старата скопска чаршија. Да ги чуваме и да ги негуваме нашите стари вековни занаети.

Posted by Stevo Pendarovski on Понеделник, 30 септември 2019

 

„Ми причинува задоволство што денеска наминав кај кројачите Хузамедин и Џељадин коишто својот занает заедно го печат без малку 4 децении, а во изминативе 22 години успешно го градат својот заеднички кројачки бренд „Иска и Џељо“, и своето знаење им го пренесуваат на двајцата чираци.“, додаде Пендаровски.

„Со речиси 20 албуми зад себе и 30 годишна кариера, Eros Ramazzotti остава траен белег на светската музичка сцена. На нашата средба, непосредно пред вечерашниот концерт, промуабетивме за првиот контакт со музиката преку неговата гитара на 7-годишна возраст, па се до интернационалниот успех во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Зборувавме и за неговата втора страст – здрава животна средина“.

Фото/Видео: Фејсбук/Стево Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се затвора „Кино Култура“

Редакција

106 нови случаи на Ковид-19 од 761 тестирања, во Скопје 72

Редакција

Народната банка прва во светот според застапеноста на жените на раководни места во финансиските институции според британскиот тинк-тенк ОМФИФ

Редакција