еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Заев во Њујорк се сретна со Мицотакис: Средбата пред камерите изгледаше пријателска

Премиерот Зоран Заев денеска во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН, оствари средба со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.

„На средбата премиерот Заев истакна дека Владата е максимално фокусирана на конструктивен пристап во градењето меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во интерес на граѓаните на двете земји.

Премиерот Заев нагласи дека Владата е подготвена за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Република Грција и Република Северна Македонија, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој потенцираше дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји“, се вели во соопштението на Владата.

Заев на средбата рекол дека за почит е фактот дека Грција беше првата земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО во постапката за полноправно членство која ќе биде финализирана наскоро.

„На средбата со грчкиот премиер Мицотакис, премиерот Заев информираше за напорите за зајакнување на спроведувањето на тековните реформи со цел да се отвори простор за почеток на преговорите за влез во ЕУ за што се очекува позитивна одлука во октомври годинава.

Беше изразена поддршка од страна на грчкиот премиер за отварање на преговори со ЕУ и беше потенцирано дека доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија.

На средбата беше заклучено дека унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и директните инвестиции се од взаемна корист за сите граѓани од двете држави„, велат од Владата.

фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов црн рекорд: 12 починати од корона вирусот, петорица од Скопје

Редакција

Сите детали: Обвинение против четворица организатори на собраниските настани од 27 април

Редакција

Ѓорги Спасов за францускиот предлог: Ни прави ли Франција мечкина услуга?

Редакција