еМагазин
Image default
Забава

(Видео+Галерија) Виктор Апостоловски славеше роденден и гo промовираше албумот „Во срцето“

Македонскиот идол Виктор Апостоловски на својот 28-ми роденден го промовираше неговиот втор албум насловен како Во Срцето.

Во присуство на артисти, медиуми и пријатели Виктор ги испеа сите песни од албумот кој содржи 11 композиции.

Албумот е комплетно авторско дело на Апостоловски, а само за песната Ни јас, ни ти во соработка е со Панче Касапски, Огнен Неделковски и Илија Ќосевски.

„Во срцето, вистински ми е во моето срце затоа што како албум го подготвував четири години со оглед на ангажманите кои ги имав постојано за разни музички проекти кај нас и во странство, поточно за театарски претстави и кратки филмови кои ми беа вистински предизвик. Сигурен сум дека ќе уживате во моите музички дела и ќе ги пееме сите заедно“, изјави Виктор Апостоловски.

Новиот видео запис на Виктор е снимен во бодибилдинг и фитнес клубот Магнус и Визура Хоум. Камерата е на Синиша Ќирковиќ – Сики и Влатко Симоновски, како главна улога во спотот се појавува кик бокс шампионката Викторија Варадинова.

„Ако насловот ви звучи остро, тогаш видеото уште повеќе ќе ве изненади. Оваа песна и спот се мое комплетно дело. Во спотот ексклузивна можност имаше да ме “претепа“ преубавата кик бокс шампионка Викторија Варадинова.

Сакам да ви откријам дека оваа песна беше готова уште пред 4 години и до сега сменив многу сценарија за спотот, така што на крајот одлучив со видеото да направам буквален превод на текстот, односно во текстот се зборува за психичка тортура, а во спотот гледаме физичка“, додава Виктор.

Виктор во моментов го подготвува својот следен видео запис, нови песни и настапи во странство, Словенија, Холандија и Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Дунавка Трифуновска лажниот принц Чернетиќ ја прогласи за „Дама на сребрениот медал на свети Ѓорѓи„

Редакција

(Видео) Познатиот српски пејач на народни песни Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа

Редакција

(ВИДЕО) Нова песна на Кирил Џајковски

Редакција