еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(ВИДЕО) Гинекологија Чаир загадува, ако не го реши проблемот со котелот ќе биде затворена

Инспекторатот на Град Скопје досега два пати има интервенирано во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Денеска повторно е пратен инспекторот како последна опомена до болницата и до Министерството за здравство за да го променат котелот.

Доколку не постапат на тој начин, болницата ќе биде затворена од страна на Градот. На болницаата и е даден рок од 30 дена.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање за снимките кои деновиве се појавија во јавноста, каде се гледа како чад излегува од оџакот на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

Чад во Чаир

Од оџакот на гинекологија во чаир излегува густ и црн чад кој ужасно мириса. Околните жители реагираат на лошата миризба која се шири и на дополнителното загадување на воздухот. Надлежните мора да дадат некое објаснување!

Posted by Скопје мора да дише on Недела, 03 февруари 2019

– Не сакаме да предизвикаме некаква криза, но мора конечно секој да си одговори на сопствените обврски. Ако тој котел загадува, а загадува, бидејќи двапати веќе е констатирано, имаме дадено известувања до директорот на болницата. По денешната инспекција, откако ќе ги добиеме резултатите, ќе го упати дописот и до министерот за здравство. Очекувам дека интервентно ќе реагираат затоа што во тој круг се раѓаат бебиња, рече Шилегов.

Во болницата, според Шилегов, најверојатно се користи мазут.

МИА/Видео: Скопје мора да дише

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На локациите на „Макпетрол“ од 1 декември пластичните ќеси нема да бидат достапни

Редакција

Решенија за жешките точки за индустриски отпад има одамна, само треба да се спроведат, вели Стафилов

Редакција

Над 186 тони отпад собрани во Генералка викенд 2022, организирана од Пивара Скопје, „Мен енд маунтен“ и Пaкомак

Редакција