еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Голем протест на транспортери во Скопје: Прогресивен данок наместо поголема акциза

Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево се движи низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата Макам-транс изразија протест за покачената акциза на горивата и побараа поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот.

Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

Протестот се одвива согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.

Превозниците на протест против зголемувањето на акцизатаСкопје, 28.04.2020 година

Posted by Makam-Trans on Вторник, 28 април 2020

Протестот на на Макам-транс не го поддржа СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, чии членки, како соопштија оттаму во најголем дел оцениле дека тоа нема да помогне за излез од економската криза поради коронавирусот.

Тие пак бараат подетално образложение на ефектите од владината мерка во јавноста, на транспарентен начин, но и гаранции за намената на собраните средства и нивна распределба онаму каде што е потребно, не изоставувајќи го товарниот транспортот, но и патничкиот превоз, кој бележи 100 проценти пад од почетокот на пандемијата.

МИА/Фото/Видео:Фејсбук/Макам-транс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Весела математика“: Акцизата ќе се врати на старо ако малопродажната цена на нафтата се зголеми за 20 денари

Влада: Акцизата на нафтата се зголемува за три денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поевтинуваат за 2,5 до три денари

Редакција

„Тепачка“ за да се чуе утрешната пресуда за „Рекет”: Ќе биде објавена во Врховниот суд

Редакција

Продаден блок акции од „Генерали инвестментс“ за 1,2 милиони евра

Редакција