еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Големи редици за купување марихуана за рекреативна употреба во Чикаго

Голем број жители на Чикаго на 1 јануари чекаа во ред за да купат марихуана, која од првиот ден во новата година се продава легално за рекреативна употреба во Илиноис.

Меѓу првите клиенти беше и заменичката на гувернерот на Илиноис Џулијана Страттон, која купи гумени бонбони со марихуана. Таа рече дека администрацијата на Илиноис презела важен чекор напред со легализирање на канабисот.

– Тука сум за да го прославам големиот ден за Илиноис, рече Стратон.

Во Илиноис веќе беше легализирана употребата на медицинска марихуана и сега е 11-та држава што дозволува продажба и рекреативна употреба.

Властите на Илиноис се надеваат дека до 2022 година оваа држава ќе заработи 250 милиони долари од канабисот.

Клучен дел од новиот закон е амнестијата за оние кои имале мали правни проблеми со марихуаната. На последниот ден од старата година, амнестирани беа повеќе од 11.000 луѓе.

МИА/видео: CBS Chicago/фото/видео:WISN 12 News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 58 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 4 милиони

Редакција

Започна изградбата на системот за топлификација на Битола, Могила и Новаци

Редакција