еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Готова е втората сезона на „Фамилијата Марковски“, првите две епизоди премиерно на Сараевскиот филмски фестивал

Првите две епизоди од втората сезона од ТВ-серијата „Фамилијата Марковски“ на 22 август (четврток) премиерно ќе бидат прикажани на годинешното, јубилејно издание на Сараевскиот филмски фестивал.

Покрај македонскиот ТВ проект, дел од програмата Avant Premiere Gala се уште четири балкански серии од висока продукција.

Првата сезона, македонската серија ја имаше во 2017 и наиде на позитивни критики и популарност кај публиката.

Слична историја има и српската историска драма „Сенки над балканот“ на Драган Бјелогрлиќ која исто така ќе доживее премиера на својата втора сезона токму на Сараевскиот филмски фестивал.

Покрај овие две, ќе бидат прикажани и епизоди од српските серии „Беса“ и „Групата“ како и словенечката „Езерото“.                 

 – Со самото тоа што новата сезона ќе биде дел од една ваква селекција, на реномиран филмски фестивал како што е Сараевскиот значи признание за нас како и за модерната македонска телевизиска продукција. Серијата секако ќе се прикажува и во нашата земја, но со оглед дека се уште се прецизираат деталите, информациите ќе ги објавиме наскоро, велат од продукцијата „Арт проект лаб“ која стои зад серијата „Марковски“.

Премиерно прикажана во 2017, со иницијални осум епизоди „Фамилијата Марковски“ во фокусот го има секојдневието на едно просечно семејство чии случувања се рефлексија на актуелното македонско општество.

Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Силвија Стојановска, Владимир Петровиќ, Тамара Ристоска и Петар Петковски.

Режисер на серијата е Даријан Пејовски.

Втората сезона има осум епизоди и ќе се емитува од есен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антони Пешев избран за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Македонските и бугарските историчари во Софија размениле предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара во март

Редакција

Сребро и бронза за македонски ученици на Олимпијадата по природни науки во Доха

Редакција