еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Груевски во судница во Будимпешта со „стил“ ја чека одлуката: Капа, очила за сонце и лисици на рацете

Со темни очила и безбол капче азилантот Никола Груевски денеска се појави во судот во Будимпешта, Унгарија на рочиште за барањето за екстрадиција од страна на македонското Министерство за правда за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Тенк“, пренесуваат унгарските медиуми.

За Груевски имаше уште едно барање за екстрадиција за настаните во македонското Собрание од 27. април, случај во кој е осомничен дека е организатор.

Додека се движеше кон судницата, тој носеше палто за да ги сокрие лисиците.

Адвокатите на Груевски побараа рочиштето да биде затворено за медиумите, а обвинителството се согласи.

Одлуката ќе биде јавно соопштена.

Видеото од судницата можете да го погледнете ОВДЕ.

фото/видео: hvg.hu

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се спаси: Унгарија не дозволува екстрадиција

Барањето за екстрадиција на Груевски како организатор на настаните од 27. април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта

Груевски избега од земјава во багажник од автомобил, вели Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хјуман рајтс воч ја повика Украина да ја прекине практиката на изложување на заробените руски војници во јавноста

Редакција

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај до понеделник поради асфалтирање

Редакција

„Димакс рудници“ го доби тендерот на ЈП за одржување на патишта за набавка на индустриска сол вреден 6,9 милиони евра

Редакција