еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Хаос во Хонг Конг: Демонстрантите го блокираа аеодромот, откажани сите летови

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг ги откажа сите летови поради протестите што траат веќе 10-та недела во таа држава.

Од денеска откажани се сите слетувања и полетувања откако демонстрантите упаднаа во зградата на главниот терминал и оневозможуваат работа на аеродромот.

Неколку илјади демонстранти денеска се во таа зграда на аеродромот иако нивното протестирање таму требаше да заврши синоќа. Хонгконшката авиокомпанија „Катај пацифик“, се закани со отпуштања од работа на свои вработени кои ги поддржуваат, како што наведоа во соопштение, незаконските протести.

МИА/Фото/Видео: Bloomerg/BBC/Washington post

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Тепачките за гориво во Велика Британија станаа секојдневие

Редакција

Избори во Франција: Макрон остана без апсолутно мнозинство во Парламентот, владеењето станува невозможно

Редакција

СЗО ја продолжи светската здравствена вонредна состојба

Редакција