еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Хонг Конг сака да ја купи Лондонската берза во пресрет на Брегзит

Во период кога Велика Британија е во своевиден политички вртлог поради истекувањето на роковите за Брегзит во финансискиот свет како бомба одекна информацијата дека „Hong Kong Exchanges and Clearing“ (HKEX), компанија која раководи со берзата во Хонг Конг сака да ја купи Лондонската берза (LSE) односно да дојде до спојување на двете компании зa цена од 36,6 милијарди долари.

„Управниот одбор на „HKEX“ смета дека двете компании се многу комплементарни, поради што со нетрпение очекуваат да работат со релевантните власти за да го отворат патот за завршување на трансакцијата“ пишува во соопштението од берзата во Хонг Конг.

Оттаму доаваат дека соединувањето би го подобрило и зајакнало пазарното присуство преку овозможување на инвесторите поврзаност и полесен пристап до глобалниот пазар.

Видео:Youtube/Yahoo finance/FOX news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Неофашист уби најмалку 13 лица во училиште во Русија, седум од жртвите се деца

Редакција

(Видео) Несекојдневен настан: Пентагон официјално објави снимки од НЛО

Редакција

Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре

Редакција