еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) И Пјаченца во Италија, каде работат илјадници Македонци во карантин поради коронавирусот

Со новите драстични мерки против коронавирусот, кои во Италија стапија на сила денеска во каратин е ставена и Пјаченца, во кој работат илјадници Македонци, пред се од Струмица и околината, но и од Валандово, Кочани, Делчево, Берово, Пробиштип, Виница, Македонска Каменица…

Нискобуџетната авио компанија Визер денеска соопшти дека до 3 април нема да лета од Скопје и Охрид до Северна Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците кои се враќаат од Италија потенцијална коронавирус „бомба„

Со мерките во Италија се воспоставува „безбедносна зона“ која ги опфаќа Ломбардија и 14 провинции, каде се предвидени многу строги ограничувања како затворање на училиштата на сите нивоа, сопирање на скијачките активности и јавните настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Драстични мерки: 16 милиони луѓе во Италија во карантин поради коронавирусот

Музеите, клубовите за вежбање, базените, театрите, општествените и културните центри исто така ќе бидат затворени. Баровите и рестораните може да останат отворени, но ќе мора да обезбедат одалеченост од еден метар меѓу посетителите ако сакаат да имаат дозвола за работа.

Италија со 233 умрени е на второто место по Кина по бројот на смртни случаи и трета по бројот на заразени, по Кина и Јужна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Визер нема да лета од Скопје и Охрид до Милано, Тревизо и Бергамо до 3 април, за да го спречи ширењето на корона вирусот

Возачот на автобусот со кој допатуваа сопружниците од Дебар е негативен на корона вирусот

Видео: Ruptly/Al Jazeera English

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите заменици-министри и директори, кои ги понуди Алтернатива

Редакција

Шаќир Фетаху избран за нов поглавар на ИВЗ

Редакција

Во јануарската сметка за струја, нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа

Редакција