еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Исповед на трансродово лице кое поминува низ пекол: Ќотекот и караниците ништо нема да сменат

„Види Вака“ го објавија првото јавно сведоштво на трансродовото Лице Х, откако ја доби пресудата за дискриминација пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур против државата.

Лицето Х го промени полот, но не може да ги промени личните документи поради што ја поведе постапката во Стразбур.

Исповедта Ви ја пренесуваме во целост:

„Пекол кој може да доведе во фаза на депресија со кулминација со анксиозност. Суицидалност што трае. Недоразбирање проблеми со семејството, караници.

Ама после тоа видоа дека тоа е едниствениот начин за да бидам среќен. Мислам дека тоа е клучната точка за секое семејство, кога ќе го видат дека детето им е среќно на тој начин дека тоа може да му донесе нормален, функционален, среќен живот. Едноставно застануваат на таа страна и си го поддржуваат детето.

Однесувањето кај транс луѓето и општо кај ЛГБТИ, го сведуваат само на ниво на однесување, кое што може да се смени, како и кај сите други. Но тоа не е така, тоа е во сржта на идентитетот. Така што ниту една количина на ќотек и на караници тоа нема да го смени.

Има пречки на сите страни. За медицинскиот процес нема ништо, за правниот процес исто така нема ништо, никакви закони, никакви регулативи.

Никој не ме прашува дали јас можам во меѓувреме да преживеам, дали можам да најдам работа, дали ме дискриминираат на секој чекор. Само би кажал дека во Македонија, здравствените работници многу често се случува да не дадат здравствена услуга. Има случаи кога транс-жени биле исфрлени од здравствени установи.

Кога го запознав првиот транс другар во живо со него отидовме во Белград за да го започнеме медицинскиот процес. Во целиот мрак ќе се појави светлина и ќе се фатите за нејзе и ќе пробате да ја зголемувате.

Како и кај сите други граѓани што менуваат лично име или презиме по брак, иста е постапката за сите. Проблемот доаѓа понатаму. Вториот чекор односно втората постапка е промената на буквата, во мојот случај од Ж во М. И тоа е тоа што заглавува. За тоа е надлежна Управата за водење на матични книги при Министерство за правда. Таму еден куп луѓе што аплицирале вклучително и јас, добиле најразлични одговори од „немаш доказ дека е направена операција“ до „немаме закон“ и после неколку години постапување, одеднаш стануваат ненадлежни.

Кога тоа би се решило, како втор чекор понатаму се менува матичниот број во МВР и тоа е тоа. За тоа веќе има некоја пракса воспоставена, меѓутоа закон нема.

Сите транс луѓе што сакаат тоа да го направат се наоѓаат во еден лавиринт во кој што цело време на сите инстанци само ве одбиваат, ве враќаат на повторно одлучување.

Најдобро е законот да не бара медицински интервенции, затоа што на пример постојат луѓе кои од здравствени причини не смеат да примаат хормони иако сакаат или пак постојат луѓе кои што не смеат да имаат медицинска интервенција исто од здравствени причини. Значи никој не смее тие луѓе да ги тера со сила да легнат под нож поради управна постапка.

Има еден збор кој би го употребил за мојата лична карта, а тоа е хаос, затоа што сменето е името, има буква Ж и ги има нели претпоследните 3 бројки од матичниот број и тие не се сменети и тие укажуваат дека буквата треба да биде Ж.

Така што поради ова имам проблем, во многу институции е потребен матичен број. Нема институција каде што не сум имал проблем.

Еј ама тебе матичниот број ти е женски, зошто ти е женски. И тоа го слушаат сите и јас тука треба да се објаснувам.

Слушам секакви коментари во позадина, има ситуации каде што ми се смееле. Во здравствена установа ми се смееле и студенти, лекари ме прашувале, добро, што е кај тебе проблемот.

Пресудата во Стразбур во суштина кажува вие немате закон морате да донесете закон, така што сега Македонија има обврска да донесе закон со кој што ова прашање ќе се регулира. Основното барање на заедницата е тој да биде врз оснва на самоопределување. Веќе има многу такви приемри, регионот се движи во тој правец“.

Извор/видео/фото: Види вака

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денис Јанкуловски-Космонаутко: Чувајте се, еден позитивен дома – сите позитивни

Редакција

Не се констатирани недостатоци при лекувањето и третманот на шестгодишната Јана, велат од ДЗСИ

Редакција

Во август во Македонија 112 случаи на Ковид-19 и едно починато лице

Редакција