еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Иванов дозволи новинарски прашања: На 27. април бил дома, неговите советници на шест месеци подлежат на полиграф

Претседателот Ѓорге Иванов, по неговото денешно обраќање во претседателската палата дозволи новинарски прашања, што барем последниве 2-3 години не се случило.

Од одговорите на прашањата кои му беа поставени, дознавме дека за време на настаните во македонското Собрание од 27. април, лани, бил дома (претседателската палата) и случувањата заедно со членовите на неговиот Кабинет ги следеле на телевизија и „кроеле“ стратегија како да се смири нацијата, бидејќи ситуацијата можела да излезе од контрола.

На новинарското прашање кога бил последен пат во Јасен, одговори дека тоа било за време на неговиот прв мандат и со семејството пред 5-6 години.

На прашањето за шпекулациите дека може да биде уапсен, одгвори дека „може се да се направи“ и дека „човек ништо неможе да го изненади“ од оваа власт, но подвлече дека во Македонија постојат институции.

На прашањето каде биле вечерта на 27. април генералниот секретар на неговиот Кабинет, Борис Јосифовски, одговори дека бил во партијата (ВМРО ДПМНЕ), и дека го повикал во претседателската палата за да го свика Кабинетот, а Синиша Алексоски, неговиот советник за национална безбедност бил тргнат на пат за Вашингтон, па го вратил од Истанбул. Алексоски, рече Иванов, стигнал во Скопје после полноќ.

Иванов одговорајќи на новинарски прашања посочи и дека неговите советници секои шест месеци подлежат на полиграф.

Целото обраќање на Иванов и сите новинарски прашања во видеото:

Обраќање на претседателот Иванов

Иванов: Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија никогаш не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување на воена, или вонредна состојба

Posted by ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА on Петок, 07 декември 2018

Фото/видео: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредно обраќање на Иванов: Не се разговарало за воена состојба, прашање е кој сакал да го злоупотреби Кабинетот на претседателот

Иванов: Небулозни се тврдењата дека се планирала воена состојба на 27 април

Инволвиран ли и е Иванов во настаните од 27 април и планирал ли прогласување воена или вонредна состојба?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Новости“: Вратен пасошот на Македонецот Шефкет Демировски поврзан со аферата со оружје „Први Партизан“ во Србија

Редакција

Кардиохирургот Јовев демантира дека го нападнал директорот на Клиниката на кардиохирургија

Редакција

Mузичката дива Јасмин Леви за прв пат во Скопје, под покровителство на МТЕЛ

Редакција