Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен” во Истанбул е избран за „Најдобар аеродром на годината” од страна на Азиско-Пацифичкиот авијациски центар (САРА), која е една од водечките светски воздухопловни организации.
Генералниот директор на аеродромот, Ерсел Горал ја доби наградата на церемонија организирана за време на меѓународната средба на високо ниво на САРА на Малта.
Тој нагласи дека добивањето на оваа награда се совпаѓа со 10-годишнината од отворањето на новиот терминал на аеродромот, со кој воздушниот сообраќај се зголемил над шест пати и сега опслужува повеќе од 200 милиони патници.
Овој аеродром кој е еден од најголемите во светот е наречен по Сабиха Ѓокчен, посвоената ќерка на Мустафа Кемал Ататурк и првата жена-воен пилот во светот.
Фото: Фејсбук/аеродром/Истанбул/видео: 365COMPASS