еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Кој дојде на свечениот прием во Собранието за дочек на Столтенберг

Претседателот на Собранието, Талат Џафери со свечен прием им посака добредојде на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и на Северноатлантскиот совет на Алијансата.

Високата делегација на НАТО ја пречекаа и потпретседателите на Собранието, Фросина Ташевска Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди, координаторите Јован Митрески, Ејуп Алими, Никола Мицевски и Елизабета Канческа Милевска, како и пратеници од повеќе парламентарни партии.

Делегацијата од Владата освен премиерот Зоран Заев, ја сочинуваа и заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик претседателот на Владата одговорен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за правда Рената Десковска, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој го пречека Столтенберг во Скопје

Фото/видео: Џафер/Фејсбук/Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ испраќа опрема и помош за справување со пожарите во Македонија

Редакција

Синот на Бучковски не бил вработен во МЕПСО, туку бил привремено ангажиран

Редакција

МВР приведува, но целиот систем мора да се консолидира, рече Спасовски за изјавата на Агелер која го впери прстот кон институциите за убиството на Вања

Редакција