еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Кој е Гркот кој што го уби албанската полиција

Константинос Кацифас (35), кој беше убиен од албанската полиција во пограничното село Буларт во Албанија, откако тој со калашников отворил оган кон полицајците кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, барем според тоа што објавувал по социјалните мрежи, бил голем патриот, пишуваат грчките медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Инцидентот се случил во моментот кога жителите на Буларат, од кои повеќето Грци, го одбележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година.

Кацифас е по потекло Грк и бил роден во Буларат, а од скоро живеел во Атина.

Според ProtoThema, Кацифас бил обвинет од локални Албанци кои живеат во регионов, дека поставил поголем број на грчки знамиња околу селото.

Тој на својот Фејсбук профил освен што објавувал фотографии од знамињата кој ги поставувал во околината, давал и отворена подршка на Ослободителниот фронт на Северен Епир, грчко етничко бунтовничко здружение, кое делува во северен Епир од 1940 година.

Неговата последна објава на Фејсбук од 26 октомври е видео на кое деца во училиште во Дервитшани, јужна Албанија, ја пејат грчката химна.

Κάτι πρέπει να κάνουμε για τα σκλαβωμένα ελληνόπουλα τής Βορείου Ηπείρου…… Εορτασμός της 28ης Οκτωβρίου απο τα ελληνόπουλα του σχολείου Δερβιτσάνης 🇬🇷!!!

Posted by Katsifas Konstantinos on Петок, 26 октомври 2018

Фото: Фејсбук/Кацифас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Голем инцидент: Албански полицајци застрелаа Грк заради грчкото знаме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Атлантик Група оствари раст на приходите проследен со двоцифрен раст на профитабилноста

Никола Осило

(ВИДЕО) „Алекандре Вучиќу, ова е крајот!“: Масовните протести во Србија продолжуваат

Редакција

Србија: Откриено даночно затајување од околу 55 милиони евра, 66 лица уапсени

Редакција