еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Кој е Гркот Зорба, на чиј гроб во Скопје партнерката на Ципрас положи цвеќе

Не случајно вчера Бети Базиана, партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас ја искористи посетата на Скопје за да положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел.

Чинот предизвика голем интерес и во македонските, но и во грчките медиуми, а приказната за Јоргос Зорбас, кој дваесетина години живеел во Скопје со својата ќерка Екатерина е една од тие што ги поврзува двете земји во позитивен контекс.

Кој е Гркот Зорба?

Да не бил грчкиот писател, филозоф и новинар, Никос Казанѕакис, кој живот и доживувањата на Зорбас ги опишал во романот „Доживувањата на Алексис Зорбас“, можеби денеска немаше да знаеме за Зорбас, а немаше ни во 1964 година да се сними култниот грчки филм, „Гркот Зорба“ на режисерот Михалис Какојанис.

И покрај бројните филмски улоги во неговата богата кариера, токму играњето на ликот на Зорбас, ќе му ја донесе најголемата слава на актерот Ентони Квин.

Зорбас дошол во Скопје во 1922 година со воз од Солун.

Според приказната која му ја раскажал на Казанѕакис, Јоргос бил син на овчарот Фотис Зорбас од Катафиги, северна Грција.

Уште пред полнолетството избегал од дома иако немал посебна причина, но, како што подоцна признал самиот Јоргос, никако не можел да се помири со помислата да го помине целиот живот на семејниот имот.

Семејството Зорбас имале голем имот, стадо овци и кози, и воопшто не морал да се грижи за својата иднина.

Во Скопје стигнал како вдовец, откако претходно работел низ Грција и во Русија.

Зорбас првите пари ги заработил како дрвосечач, по грчките планини. Бил крупно граден, добро свирел тамбура и секаде лесно наоѓал друштво.

Во Скопје престојувал во хотелот „Ловец“, каде и починал од срцев удар во 1941 година, само неколку месеци по мажењето на неговата ќерка Екатерина и неколку дена по започнувањето на пишувањето на книгата која ги опишувала сите негови авантури.

Работел во бизнисот со руда.

Зорбас, пак жителите на Скопје од тоа време го паметат како голем боем и по саботните пијанки низ месните кафеани, посебно во гостилницата „Маргер“.

Скопјаните често се бореле за место на неговата маса, бидејќи слушнале за атмосферата која знае да ја направи. Неговиот шарм, лесното склопување на познанства му помогнале целосно да се вклопи во имиџот на градот и да стекне животни пријателства.

Во 1956 година по затворањето на гробиштата во Црниче, неговите посмртни останки биле преместени на гробиштата во скопски Бутел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партнерката на Ципрас, Бети Базиана положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба во Скопје

(Фото) Заев и Ципрас на ручек во познат скопски ресторан, подоцна дојдоа Заева и Базиана

(Фото) Заева и партнерката на Ципрас на прошетка на Кале

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Усвоен извештајот за Македонија во Европскиот парламент, но отфрлен амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија

Редакција

(Видео) Заев со семејството се попишаа во домот во Струмица

Редакција

Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76% имале хронични болести

Редакција