еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Кој ги пали палмите во дворот на клиниката „Жан Митрев“

Последните неколку дена во кругот на клиниката „Жан Митрев“ се случија два немили настана во кои настрадаа две палми, информираат од таму.

Во два поединечни исценирани инциденти група млади лица во ноќните часови запалија дел од палмите засадени во градината околу паркингиот на клиниката.

Првиот случај беше регистриран рано наутро во саботата (11.08.2018) во 1:30 часот а вториот во среда (15.08.2018) во 2:30 часот. Ицидентот е регистриран од безбедносните камери на болницата и снимките ќе бидат искористени за понатамошна истрага во која ќе се бара кои се сторителите и кои се мотивите за тоа некој да направи ваков вандалски, нецивилизиран чин.

На снимките во првиот случај се гледаат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата која за неколку секунди вивнува во пламен.

Во вториот случај на безбедносните камери вандалите се симнуваат од автомобил и со покриено лице се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја запалуваат, по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото.

Се прашуваме на кому му сметаат палмите и зошто некој го прави ова?

Фото/видео: Фејсбук-страница на клиниката „Жан Митрев“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претреси во Кичево: Запленет хероин и приведен дилер

Редакција

Пациент во Геријатриската болница во Скопје починал по пад од висина

Редакција

Двајца малолетници силувале друг малолетник, му се заканиле и го ограбиле

Редакција