еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ си го смени името

Kоалицијата „За подобра Македонија“ која ја предводи опозициската ВМРО-ДПМНЕ се преименува во коалиција „За обнова на Македонија“ информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со коалициските партнери.

Изјава за медиуми 21.10.2019

Денеска имавме состанок на Коалицијата, заедно со коалиционите партнери да ги информирам за она што се случуваше на последната лидерска средба.На Македонија и е потребна обнова после, овој арамилук кој што се случува веќе трета година по ред. Ветуваме многу работа, ветуваме расчистување со сите оние криминали кои што се провлекуваа во минатото, расчистување со сиот оној арамилук кој што годините наназад го следат македонското општество, ги следат граѓаните на Македонија. Ветуваме реформи во многу сегменти и меѓу кои враќање на владеење на правото, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, нула толеранција за криминалот и корупцијата.Коалицијата која ќе победи на следните избори се вика „За обнова на Македонија“, продолжуваме да разговараме и со други партии

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 21 октомври 2019

“На Македонија и е потребна обнова после, овој арамилук кој што се случува веќе трета година по ред. Ветуваме многу работа, ветуваме расчистување со сите оние криминали кои што се провлекуваа во минатото, расчистување со сиот оној арамилук кој што годините наназад го следат македонското општество, ги следат граѓаните на Македонија.

Ветуваме реформи во многу сегменти и меѓу кои враќање на владеење на правото, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, нула толеранција за криминалот и корупцијата“, изјави Мицкоски по средбата.

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчката влада ги бендисала финалните уставни амандмани на македонскиот Устав

Редакција

Судија посочен во предмет до Антикорупциска, ќе биде ставен на листа за проверка на имот во 2022 година

Редакција

Од утре пациентите со коронавирусот во Македонија ќе се лекуваат со комбинација од хлоркинин и азитромицин

Редакција