еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Најави за нови блокади: Комитите ќе играат фудбал на скопски раскрсници

Навивачката група „Комити“ на својот Фејсбук профил најави дека традиционалниот Меморијален турнир во мал фудбал “Во Чест на Отсутните”, годинава ќе биде од јавен карактер и наместо на познатите локации ќе се одржи на една или повеќе клучни крстосници во Скопје:

“Велат отпорот никогаш не е залуден кога е инспириран од сонот за сопствена држава, кога е инспириран од сонот за своја сопствена татковина, слобода, братољубивост и еднаквост. Воден од овие идеали, македонскиот народ еднаш веќе застанал на вистинската страна!

Нека ова видео од минатогодишното отварање на традиционалниот Меморијален турнир во мал фудбал “Во Чест на Отсутните” биде најава за она што ќе следува наскоро во наша организација.

Додека беа помеѓу нас се истакнаа во сите наши битки и предизвици, беа повеќе од достојни на заклетвата наша Слобода или Смрт, и со нивната енергија и инспиративност сигурно ќе не поведеа во одбрана на честа на нашата земја…Го посветија животот на Вардар, на срцето им беше тетовирано името Македонија!

Нема да дозволиме тоа да биде залудно!

Во однос на изминатите 10 години оваа година турнирот ќе биде од јавен карактер и наместо на познатите локации ќе се одржи на една или повеќе клучни крстосници во нашиот главен град!

Нека надлежните институции по допрен глас бидат известени за нашите намери“.

Фото: Фејсбук/Комити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„И јас сум Моника, апсете ме!„: Протест за затворената активистка за легализација на марихуаната

Редакција

Села се сретна со Ковачевски и даде подршка за „францускиот предлог“

Редакција

Бесник Ферати назначен за заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција