еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Комунални редари се изживуваат врз женичка што кај Буњаковец заработува за леб: И ја превртеа гајбата и робата од торба

Мартин Цветковски на социјалните мрежи сподели видео во кое се гледа дека двајца мажи, буквално се изживуваат врз бабичката која секој ден седи пред „Солета“ на Партизанска – карши пазарот „Буњаковец“ која продава малини, бадеми, лешници , ореви, и било што само за да заработи некој денар.

„Кој живее во близина, работи и поминува не може да не ја забележал и запамтил тој мил глас кој довикува „Ајде малини, бадеми, тазе лешници“ само за да продаде и да заработи некој денар.

Епа ова суштество во црната јакна (не знам дали беше инспектор од негде) заедно со неговиот колега во кафената јакна од страна (кој само се смееше и исмејуваше на ситуацијата), најпрвин зема и ја преврте гајбата со робата, и ја истури од торбата на женичката целата роба, (момент кој не успеав да го фатам додека уклучам камера), дерејќи и се со секакви погрдни зборови се со цел да привлече повеќе внимание на сметка на омаловажување на оваа мирна бабичка.

Откако бабичката ги собра повторно кесите, истиот зема ги искина кесите и и ги истури бадемите на целиот тротоар, а женичката зрно по зрно ги собираше.

Не би сакал повеќе да објаснувам погледнете го видеото и ќе ви стане јасно за што зборувам….

Можеби законски не е дозволено да се продава на ваков начин…. но нејзините раце се едни од најчесните и најчистите раце. Во државава краде кој стигне, а некои вакви комплексирани службеничиња од 120 килограми ќе лечат комплекси и сила над вакви женички и бабички.

Само едно прашање ме интересира. Дали ваков начин на „храброст“ и „сила“ би демонстрирал на Зелен пазар, Шутка а камоли Бит Пазар“, прашува Мартин.

По објавувањето на видеото, од Општина Центар се извинија со соопштение за инцидентот кај ТЦ „Буњаковец“.

„Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секоторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.

Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени.

Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар“, велат од Општината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момче од Битола пронајдено мртво во својот дом

Редакција

Со пиштол ограбиле казино во Капиштец, настрадале и двајца гости

Редакција

Турски државјанин удрил во полицаец во обид да избегне пајак-служба

Редакција