еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Италијанскиот премиер Конте по средбата со Заев: На Северна Македонија мора да и се дозволи да оди понатаму во Европа

Италија секогаш ќе биде покрај Северна Македонија, ја поддржуваме земјата, поддржуваме одлука за почеток на преговори, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Зоран Заев во Рим.

– Сакам на вашиот народ да му кажам дека нема да дозволиме да се почувствува несигурен. Се работи за историска грешка која мора да ја исправиме, рече Конте.

Тој истакна дека Северна Македонија предводена од премиерот Заев е пример за сите балкански земји, како држава која со храброст ги решава отворените прашања, а притоа има голема поддршка од Италија.

– Благодарение на оваа храброст Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Затоа дозволивме земјата да се зачлени во НАТО. Затоа на Северна Македонија треба да и се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите, рече Конте.

Како што соопшти владината прес-служба на средбата на Заев со Конте се дискутирало за пријателските односи и соработката помеѓу двете земји, како и за реафирмација на европската перспектива и Европа како заеднички дом на двете земји.

Премиерот Зоран Заев, претходно, преку објава на својот профил на Фејсбук му се заблагодари на неговиот италијански колега Џузепе Конте за поканата да ја посети Италија.

– Му благодарам на италијанскиот премиер Конте за поканата за моја работна посета во Рим и за топлото добредојде попладнево во Владата на Италија во Palazzo Chigi. Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом, објави Заев.

Премиерот Заев по средбата со Конте во Рим, попладнево ќе замине за Брисел каде што ќе учествува на прошталната работна вечера на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан. 

МИА/Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 18 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на загрозување, констатирано на Советот за безбедност

Редакција

Вонредно обраќање на Иванов: Не се разговарало за воена состојба, прашање е кој сакал да го злоупотреби Кабинетот на претседателот

Редакција