еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Кристијан Ниневски го фати светиот крст во Скопје: „Здравје и среќа за сите, Бог се јави“

Дваесет и петгодишниот Кристијан Ниневски од Скопје го фати светиот крст што архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го положи во водите на реката Вардар во Скопје.

Ниневски првпат го фаќа крстот, а веќе шест години учествува на традиционалната манифестација што во Скопје се организира по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

„Здравје и среќа за сите, Бог се јави“, изјави кратко Ниневски откако го фати крстот.

Од Град Скопје како подарок доби резба. Во Скопје беа пријавени околу 140 граѓани за фаќањето на крстот. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

МИА/Фото/Видео:Youtube/Denis Alanford

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

29-годишно момче загина на патот кон Козјак, со моторот излетал од патот

Редакција

Кумановец претепан и ограбен сред „бел ден“ на улица

Редакција

Скопјанец сакал да тепа полицајци среде полициската станица во Кочани

Редакција