еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Погледнете ја првата епизода од „Проект куќа“, која произлезе од хуманитарната мисија на Кристина Аранаудова за топол дом за сите

Изработена е пилот емисија од првата епизода на телевизискиот хуманитарен проект „Проект Куќа“, кој произлезе од проектот „Топол дом за сите“ кој здружението „Проект Среќа“ на Кристина Арнаудова го започна во декември 2019 година.

„Во тој период за таа намена снимивме и новогодишна песна и отворивме донациски броеви, чија намена беше да се донира за изградба на домови, и песната што повеќе да се врти. За жал медиумите немаа желба да ја пуштаат песната, па проектот беше неуспешен.

Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, и без основни услови за живот,“ вели Арнаудова и додава дека кога го започнале проектот немале никаква идеја дека ќе го снимаат.

„Во текот на подготовката и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа.

Си рековме, ако тоа значи дека на тој начин ќе изградиме многу поголем број домови, тогаш во ред, се сложуваме да снимаме емисија. Со помош на пријатели, волонтери, добри луѓе, општествено одговорни компании, ја снимивме оваа прва пилот емисија, односно Првата куќа која ја направивме. Ја започнавме во февруари 2020, а завршивме на 12 март 2020,“ додава таа.

Во куќата која ја изградиле живеат Ајнур Симоновски, самохран татко на пет дечиња.

„Како изгледаше домот пред и потоа, ќе можете да видите и самите. Дали ова емисија ќе продолжи да постои, зависи од тоа дали нашите телевизии ќе сакаат вакво нешто во својата програма. Овој проект го ставивме на пауза, бидејќи на денот кога ја завршивме куќата, СЗО програси пандемија на Ковид-19 и моравме да запреме привремено.

Ние имаме желба и воља, и капацитет, да создадеме среќа за многу деца, а знаеме и дека можеме, благодарение на сите ВАС. И наскоро ќе продолжиме. Благодарение на генералните спонзори во градењето на оваа куќа, Сенатор Казина, и хотелот Paint It Black, луѓето со големи срца и мои големи пријатели, и нивната константна поддршка, овој проект тргна и сите вие можете да го видите.

Овој концепт на телевизиски емисии е веќе познат, и многу популарен, а јас како голем фан на вакви емисии, знам дека луѓето во Македонија едвај чекаа да видат дека некој и во нашата земја може и сака да го направи ова за нашите луѓе. Сите кои учествуваа и придонесоа можете да ги прочитате на одјавната шпица,“ додава таа.

Во изработката на емисијата биле вклучени агенцијата New Moment и Благојче, Мартин Трпчевски -Мартин 99, Александар Ристовски Принц, Продукција Лесански, Калиопи Трпчевска, Дарко Тасев и Кристина ја сработиле музиката.

„И главниот кој цело време ја надгледуваше работата на мајсторите Марјан Мацко од Сенатор, моите девојки од Проект Среќа, Благица Ристов и Бојана Мандевска кои секогаш се тука за се што треба.

Целиот процес траеше еден месец, нешто снимивме, нешто не, бевме многу лимитирани со техника, заради непостоечкиот буџет за снимање, но и покрај тоа сметам дека како за прва епизода, извадивме максимум од она кое имавме на располагање.

Јас не знам како се снајдов како водител, никогаш во живот не сум помислувала дека еден ден ќе го правам ова. Тоа ќе оставам вие да кажете. А многу уживав! А и не е важно каква сум јас, важно е да создадеме среќа и да изградиме услови за нормален живот на што повеќе деца.

Со снимање би продолжиле на пролет, домовите се веќе одбрани, и се низ целата земја, донатори имаме најмногу за внатрешно уредување, додека најтешко ни е да најдеме мајстори, компании за фасади и кровни конструкции.

Очекувам дека и тоа ќе го најдеме и компаниите полека ќе се вклучуваат. Ова е тешко време за сите нас, но знам дека сплотени можеме да направиме многу, и со тоа , да ни биде полесно на сите,“ вели Арнаудова, која е автор, водител и продуцент на „Проект Куќа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Националниот парк Маврово заловена втора женка рисица за оваа сезона

Редакција

SkyShowtime го прославува активирањето во Македонија со понуда за половина цена засекогаш

Редакција

(Фото) Мекици за новиот член на Скопската Зоолошка градина

Редакција