еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Либија пред пропаст: Кој е Генералот Калифа Хафтар – човекот што повторно ја „запали“ Африка?

Либија е повторно во фокусот на светската јавност по разгорувњето на вооружените борби предизвикани од налетот на одметнатиот генерал Калифа Хафтар кој со своите воени сили напредува кон главниот град Триполи со цел да воспостави контрола на целокупната територија на земјата.

Според западните медиуми, Хафтар веќе има воспоставено контрола на две третини од територијата.

Во Триполи е седиштето на меѓунардно признаената влада на премиерот Фајез Сарај кој го обвини Хафтар за обид за пуч. Неговата самопрогласена Либиска национална армија, која е поддржана од новоформирана влада на истокот на земјата од почетокот на април води жестоки борби со вооружените сили лојални на премиерот Сарај.

Сега аналитичарите на светската политика го поставуваат прашањето дали големите сили по арапската пролет и бруталното симнување од власт и убиство на Муамер Ал Гадафи, долгогодишниот водач на оваа земја сега се обидуваат од оваа земја да направат нова Сирија.

Од друга страна ако се земе предвид дека нафтените приходи на Либија и девизни резерви во странство надминуваат 80 милијарди долари, а се уште се контролирани од Триполи станува јасно зошто генералот сака да го освои овој град,

Фото/Видео:RFI/Youtube/France24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот кај Стара рампа локализиран, нема повредени

Редакција

(Видео) Македонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување: Да направиме место за емпатија, разбирање и блискост

Редакција

На Фејсбук, група за „правда“ за Палевски, се договара и протест

Редакција